Друштво за трговија на големо и мало и услуги ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб-страница cosmotinex.com.mk, во согласност со долунаведените УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ. Овие услови се применуваат на сите содржини и услуги на веб-страницата. Со користење на било кој дел од нашата веб-страница, се смета дека корисниците се запознати и целосно ги прифаќаат овие услови. Користењето на оваа веб-страница е исклучиво за лични потреби и на сопствена одговорност.
Наши податоци
Име на правно лице: Друштво за трговија на големо и мало и услуги ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје
Адреса: ВАСИЛ ГОРГОВ 16/1, мансар
Телефон: +389 2 2727 501
Е-пошта: [email protected]
Веб-страница: cosmotinex.com.mk
1. Општи одредби
cosmotinex.com.mk ги поседува сите авторски права на својата содржина (текстуални, визуелни, аудио материјали, бази на податоци и др.). Секоја неовластена употреба претставува повреда на авторските права и подлежи на правна постапка.
Друштво за трговија на големо и мало и услуги ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Македонија. Не гарантираме дека содржината е соодветна или достапна за користење надвор од Македонија, а пристап од локации каде содржината е незаконска е забранет. Ако пристапувате од друга локација, тоа го правите на сопствена одговорност и обврска е да ги почитувате локалните закони.
Овие услови се толкуваат според законите на Македонија. Друштво за трговија на големо и мало и услуги ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје има право да ги ажурира овие услови во секое време.
2. Материјали што ги испраќаат корисниците
Личните податоци собрани за време на купување се обработуваат според Политиката за приватност. Сите други материјали, информации и пораки кои ги испраќате (вклучително и преку социјалните мрежи), освен личните податоци, ќе се сметаат за недоверливи и може слободно да се користат.
3. Линкови кон други веб-локации
Линковите поставени на нашата веб-страница служат за олеснување. Не гарантираме за нивната содржина, ниту за точноста, ниту пак одговараме за резултатите од нивната употреба. Посетата на овие локации е на ваша сопствена одговорност.
4. Креирање на нарачка
Купување може да се изврши и без регистрација. Потребни се следните податоци: име и презиме, адреса, е-пошта и телефон. Со завршување на нарачката, се смета дека сте запознати и се согласувате со Општите услови за купување и Политиката за приватност.
5. Избор на производи
Со клик на „Додај во кошничка“, производот се додава во вашата кошничка. Ако копчето не е активно, производот не е достапен или е потребно да се избере варијанта. Кошничката ви овозможува преглед, уредување и финализирање на нарачката.
6. Рекламации
По прием на пратката, проверете го производот. Ако има оштетувања или не е во согласност со вашата нарачка, контактирајте нè во рок од 24 часа на +389 2 2727 501 или преку е-пошта на [email protected].
За дефекти или недостатоци, постапете според правилникот за рекламации и испратете го пополнетиот формулар на нашата е-пошта.
7. Заштита на приватноста
Друштво за трговија на големо и мало и услуги ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите купувачи. Се собираат само неопходните податоци за реализација на нарачки и за известување. Податоците се чуваат строго доверливо и се достапни само на вработени кои имаат обврска да ги почитуваат правилата за приватност.
8. Начин на плаќање
9. Безбедност на податоци
Податоците се чуваат на безбеден сервер на https://aws.amazon.com. По барање, може да се избришат и податоците се анонимизираат. Откако ќе се избришат, не може да се вратат.
Регистрираните корисници имаат право:
Контактите и личните податоци од вашите пораки нема да се користат за ништо друго освен одговор на вашето барање.
10. Откажување на нарачка
Потрошувачот може да ја откаже нарачката сè додека не е предадена на курирската служба. Откажувањето се врши на телефон +389 2 2727 501 или на [email protected]. Средствата се ослободуваат веднаш по потврда.
11. Промена на Услови за користење
cosmotinex.com.mk го задржува правото да ги менува Условите за користење. Секоја измена ќе биде јавно објавена. Ве охрабруваме да ги проверувате условите редовно.
Офицер за заштита на лични податоци
Име и презиме: (ќе го додадеме кога ќе го добиеме)
Телефон: +389 2 2727 501
Е-пошта: [email protected]
Следи нѐ на социјалните мрежи за да погледнеш најнови модели, инспирации и комбинации